Saturday, March 6, 2021
Home Македонија Мијалков замина дома на издржување на казната куќен притвор

Мијалков замина дома на издржување на казната куќен притвор

По дводневна неизвесност Сашо Мијалков попладнево сам се појави во Обвинителството за организиран криминал..

По неколку часа, му беше врачено Решението за одредена мерка куќен притвор со посебен видео и аудио надзор…

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во изолација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

Мијалков кажа и дека нема да бега и останува во државата.

– Оној којшто ме познава знае, јас кога ќе дадам збор не го погазувам. Јас јавно дадов збор дека нема да побегнам никогаш. Се случи тоа еден ден во изолација вчерашени еве гледате непријатности, изјави Мијалков пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

Од таму Мијалков со обезбедување беше однесен во неговиот дом, таму е Катерина Капкоска.

Популарно

- Реклама -