9.8 C
Skopje
25.6 C
Melbourne
Tuesday, 19 March, 2024
0
Дома Македонија Маричиќ: Околу 2030 година ќе има нови членки на ЕУ, прашањето е...

Маричиќ: Околу 2030 година ќе има нови членки на ЕУ, прашањето е дали Северна Македонија ќе биде во публика или на бина

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, уверува дека во 2030 година ЕУ ќе се прошири со нови членки, но додава дека од нас зависи дали ние тоа ќе го дочекаме во публика или на бина.

– Позитивната вест за Босна и Херцеговина, и за било која држава од нашиот регион е позитивно за нас. Тоа значи дека овој регион може да оди напред и и не е заборавен ниту од Брисел ниту од државите членки. БиХ е држава која има поминато многу тешки периоди и заслужува да и се даде поттик и помош. И кандидатскиот статус и препораката за почетокот на преговори, сето тоа е позитивна вест за нас, но истовремено треба да биде и отрезнувачки за нас дека времето не работи за нас, дека немаме ние бескрајно време да чекаме. Дека чекањето како стратегија, кое што често го промовира опозицијата, всушност е стратегија во која ние ќе стоиме во место, а сите други ќе се движат напред. Чекањето не е добитна стратегија и времето не работи за нас. Околу 2030 година ве уверувам ќе има нови членки во ЕУ, прашањето е дали ние како Северна Макеонија ќе бидеме во публиката и ќе аплаудираме на Црна Гора, Албанија, Украина, Молдова, БиХ, Србија итн, или ќе бидеме заедно со нив каде што ќе се примаат нови членки,“ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски дека е лага дека уставните измени ќе и донесат на државата членство во ЕУ, Маричиќ ги посочи како неодговорни таквите изјави на опозицијата.

„Постојано сме уверувани и таа поента се повторува, дека овие избори не биле за тоа кој е за ЕУ, а кој не е и каде ќе оди државата. Ако е така, зошто се чудиме, денес кога БиХ добива простор да ги почне преговорите со ЕУ, дали знаеме дека на наредниот Европски Совет, ќе се потврдат преговарачките рамки за Украина и Молдавија. Се отвораат нови кластери за Србија и Црна Гора. Ние можеме да кажеме дека овие избори не се за тоа, но така свесно ќе се исклучиме од тој процес и ќе решиме дека треба уште да бидеме во чекалната, уште повеќе години. Исто така, ова негирање на преговарачката рамка дека ако ние не ги направиме уставните измени, дали ќе може да станеме членка.

Melbourne
broken clouds
25.6 ° C
29.8 °
22.6 °
64 %
7.2kmh
75 %
Tue
24 °
Wed
17 °
Thu
20 °
Fri
21 °
Sat
20 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img