9.8 C
Skopje
26.7 C
Melbourne
Friday, 29 March, 2024
0
Дома Балкан Поглаварот на МПЦ-ОА упати сочувство за смртта на Бугарскиот Патријарх Неофит

Поглаварот на МПЦ-ОА упати сочувство за смртта на Бугарскиот Патријарх Неофит

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Стефан упати писмо со сочувство за смртта на бугарскиот патријарх Неофит до Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква.

Смртните останки на патријархот Неофит во петокот наутро беа положени во црквата Свети Александар Невски во Софија. Во текот на денот, луѓето можат да оддадат последна почит.

Стотици граѓани застанаа во редици пред храмот за да им се поклонат на посмртните останки. Тоа го направија и државниот врв и други претставници на институциите во Бугарија.

Претходно, во четврток, портпаролот на Светиот синод – Митрополитот Старозагорски Кипријан најави дека погребот на Неофит ќе биде во сабота на 16 март.

Петок и сабота се прогласени за Денови на национална жалост во Бугарија, во спомен на патријархот. Тој почина на 13 март.

На 14 декември 2022 Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ) под претседателство на бугарскиот патријарх Неофит донел одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Но БПЦ го оспорува името на МПЦ-ОА и смета дека треба да се нарекува „Православна црква во Република Северна Македонија”. Според Статутот на БПЦ „правен наследник на Охридската архиепископија е Бугарска патријаршија”.

По повеќе од половина век, во 2022 МПЦ – ОА се врати во канонско единство со останатиот православен свет и доби томос за автокефалност од Српската православна црква. Со тоа заврши црковниот раскол почнат уште во 1967 година, кога МПЦ – ОА еднострано прогласува автокефалност од Српската православна црква.

Melbourne
clear sky
26.7 ° C
33 °
23.1 °
39 %
4.6kmh
0 %
Fri
25 °
Sat
23 °
Sun
23 °
Mon
27 °
Tue
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img