4.8 C
Skopje
17.9 C
Melbourne
Friday, 19 April, 2024
0
Дома Балкан Зетот на Трамп ќе инвестира во луксузни недвижности во Србија и Албанија

Зетот на Трамп ќе инвестира во луксузни недвижности во Србија и Албанија

Џеред Кушнер, поранешниот зет на американскиот претседател Доналд Трамп и советник во Белата куќа, денеска ја потврди информацијата за планираното инвестирање во луксузни недвижности во Србија и Албанија, откако деталите за проектот беа објавени во Њујорк Тајмс, а ги откри и српски пратеник.

„Мило ми е да ги споделам концептите за развој на проекти што ги создадовме за албанското крајбрежје и во центарот на Белград“, напиша Кушнер на Х.

Четирите објавени фотографии го прикажуваат архитектонскиот концепт на идните комплекси со недвижнини во главниот град на Србија и на албанското крајбрежје.

Српскиот парламентарец, екологист и политички активист Александар Јовановиќ во средата изјави дека српската влада го задолжила министерот за градежништво, Горан Весиќ, да потпише „меморандум за разбирање“ со две компании кои, според него, се поврзани со семејството на Доналд Трамп. Министерот рече и дека не е тајна, но дека документот се уште не е потпишан.

Во Србија оваа тема е чувствителна со оглед на тоа што се работи за продажба на инвеститори на зградата на Генералштабот на Војската на Југославија, која беше бомбардирана неколку пати во 1999 година за време на воздушната кампања на НАТО предводена од САД.

Нападите беа изведени со цел што поскоро да се стави крај на војната во Косово.

Според Јовановиќ, кој зборуваше за проектот десет дена пред 25-годишнината од нападот на НАТО, српската влада треба да ги отстапи зградата и земјиштето за период од 99 години и без надомест.

Штабот никогаш не бил повторно изграден. Зградата уништена со бомбардирање и изградена во 1965 година беше прогласена за заштитено „културно богатство“ од српската влада во 2005 година. Како што пишува Њујорк Тајмс, таму се планира изградба на луксузен хотел, музеј и 1.500 апартмани.

Кога станува збор за инвестиции во Албанија, станува збор за проект, во чиј дел, како што тврди истиот извор, островот Сазан би се претворил во луксузна туристичка дестинација. Сместен на влезот во Валонскиот Залив, островот бил тајна воена база на комунистичка Албанија (1945-1990).

Албанското Министерство за туризам денеска ја потврди информацијата според која инвеститори пројавиле интерес за туристичкиот проект на Сазан и за тоа ја информирале Агенцијата за инвестиции и развој.

Истиот извор вели дека пред да се донесе одлука, проектот мора да помине низ неколку фази на разгледување.

Melbourne
broken clouds
17.9 ° C
19.5 °
16 °
69 %
6.7kmh
75 %
Fri
18 °
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Tue
23 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img