Monday, April 12, 2021
HomeБалканСрбија набавува уште 2 милиони дози кинески вакцини

Србија набавува уште 2 милиони дози кинески вакцини

Претседателот на Србија Александар Вучиќ разговараше денеска преку видео врска со раководството на Синофарм за процесот на набавка на вакцини, изградбата на кинеска фабрика за вакцини во Србија, како и за изградбата и опремата на српските болници, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.

За време на состанокот потпишан е Договорот за набавка на два милиони нови дози вакцини Синофам, на кој присуствуваше и кинеската амбасадорка во Белград, Чен Бо.

Вучиќ ја пренесе благодарноста на претседателот на Кина Си Џинпинг, раководството на Комунистичката партија и на претставниците на „Синофарм“ за помошта во снабдувањето со вакцини и кажа дека најголемиот број српски граѓани се вакцинирани со таа вакцина.

-Тој посочи дека српските експерти дале многу високо мислење за квалитетот и безбедноста на вакцината Синофарм, се наведува во соопштението.

Претседателот на групацијата Синофарм, Лиу Џингжен, изјави дека „се среќни што можат да го поддржат народот во Србија во борбата против вирусот“.

-Ја цениме довербата на граѓаните во нашиот производ, кажа тој.

Тема на разговорите била и изградбата, реконструкцијата и опремувањето на болниците во Србија.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во Србија до сега се ревакцинирани 809.626 граѓани и според бројот на ревакцинирани на милион жители, Србија е прва во регионот, а втора во Европа, после Монако.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img