Monday, April 12, 2021
HomeЕстрадаОмилениот пејач на дијаспората: Марјан Коцев од дете со бори и се...

Омилениот пејач на дијаспората: Марјан Коцев од дете со бори и се одрекува од многу нешта

Марјан Коцев е еден од најпознатите наши фолк-пејачи, кој пред пандемијата беше еден од најбараните и кај нас и во дијаспората.

Коцев летово проослави јубилеј, десет години брак со својата Билјана, со која има ќерка и син.

На Фејсбук, тој ги споделува убавите моменти со семејството, но знае да се пофали и со некоја слика од сала за вежбање и да порача: Вложувајте во себе.

Пејачот не крие дека боле-дува од дија-бетес. Тој во интервју за Панацеа.мк откри дека со овој проблем, тој и неговото семејство се соочиле кога имал само 7.5 години.

Беше голем ш -ок, пред се за моите родители. Јас многу зрело го прифатив тоа. Едноставно ми беше кажано: Не смееш да јадеш благо.

И да бидам искрен, откако ми кажаа дека не смеам да јадам, а јас сум патријахално воспитан, бев мирно и умно дете, ниту барав, ниту сакав, ниту плачев“.

Коцев раскажа дека бил многу дисциплиниран цело време, и по три години, на многу рана возраст поради неговата правилна исхрана, лекарите решиле дека е време да престане да прима инсу-лин.

Тој отворено се нуди да разговара за оваа негова бол-ест со сите кои имаат потреба, а особено на родителите чии деца имаат ист проблем како неговиот.

Коцев вели дека со нив би разговарал како со својата ќерка Дуња. Синот Данило, се роди во 2018 година и оттогаш радоста на пејачот и на неговата сопруга е уште поголема. Тој неодамна ја коментираша кризата која ја наметна пандемијата.

– Значи физички одморивме и психолошки одморивме, но како се преодморивме одма не нападна другиот психолошки умор од неработење и од трошоците кои си идат.

Нешто снимав, но некако се нема желба, волја, некако плановите се скратија и сè се скрати.

Кога ќе видиме, околу нас веќе не е таа атмосфера која што беше. Да бидеме оптимисти, лека полека да се вратиме во некоја си нормала.

Мора да гледаме позитивни, бидејќи после секој дожд, доаѓа сонце, после секоја темнина во тунелот, доаѓа и светлина. Да се надеваме, само тоа ни останува.-истакна Коцев, за естрадниот магазин Естрада плус.

Коцев е многу тажен по загубата на неговиот голем пријател мусичарот Горан Јосифовски од Битола. Горан (36), во февруари си замина од овој свет по тешка сооб-раќајка.

Според неофицијални информации, Јосифовски со патничко возило „комбе“ излетал од патот Битола – Прилеп.

„Ах бре бато ме изго-ре. Ќе пеам секогаш за тебе, спомен ќе ти изградам. Те сака твојот бато Мацо“, објави Коцев за својот другар по кој многу пати. Новата објава на пејачот е сепак оптимистична.

Тој во неа открива дека бил позитивен на вирусот. Коцев објави слика со својот син Данило како уживаат во едно кафуле. Под сликата, тој напиша:

– Добар и убав ден на сите. Проштевајте на моите грешки, а од мене ви е се однапред простено. П.С. Колку е убаво и слатко кафето после 16 дена изолација. Наздравје„“, напиша тој.

Извор: Галама

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img