Monday, April 12, 2021
HomeАвстралијаЖАЛНА ВЕСТ: Во Мелбурн почина Богдан Павлески

ЖАЛНА ВЕСТ: Во Мелбурн почина Богдан Павлески

23 Март 2021 година, Мелбурн, Австралија.

Минатиот четврток на 18 март 2021 година во раните утрински часови на 86-годишна возраст престана да чука срцето на Богдан Павлески познат Македонец од Мелбурн и на многумина познат од Перт.

Боган Павлески е роден на 10 Јули 1934 во село Железнец, Демирхисарско од родителите Миладин и Митра Павлески.

Боган Павлески е еден од петте деца на Миладин и Митра Павлески и тоа: Благоја, Зорка, Богдан, Мишко и Александар.

Основно училиште завршува во Железнец и Жван. Тој посетувал и вечерно училиште каде добил градежна ѕидарска диплома.

Уште како млад извршувал тешки физички работи за егзистенција на својата фамилија затоа што на млади години го изгубил својот татко.

Со својата сопруга Марија е познавале уште од младото детство затоа што и двајцата потекнуваат од истото место, селото Железнец.

Во 1958-мата година Богдан и Марија Павлески стапиле во брак и го започнале својот заеднички живот во меѓувреме прва нивна радост било раѓањето на нивното чедо Мирјана која се родила 1959 година, нивна втора радост е Лидија која се родила 1961 година и трета нивна радост била раѓањето на ќерката Зора која се родила 1966 година.

Сите тие три ќерки имаат стапено во брак и имаат формирано свои семејства каде што среќно живеат во Австралија.

Првпат Богдан Павлески заминал за Австралија во далечната 1968 во Перт, Западна Австралија каде што бил сместен во куќата на Ефтим Секулоски.

Работел во Дампиер, Западна Австралија многу тешка физичка работа извесно време и со доверба кај работодавците се вработува во кујната подолго време.

Неговата хуманост излегува на дело кога тој им помогнал на други Македонци од Западна Австралија да се вработат во фирмата во која бил вработен, народно кажано во „бушот“.

Во 1977 година ве врати во Македонија да биде со своето семејство и да се израдува со своето потомство.

Во 1978 година се одлучи на еден поинаков потег кога заедно со своето семејство се доселува во населбата Седон каде што живеел 12 години, после тоа се преселува во Вест Футскрај каде што живееше до својата смрт.

Во 1985 година со сопругата Марија се вратиле на одмор во родната Македонија. Тој во градот Битола изградил ќука.

На својата 43 годишна возраст се израдувал затоа што му се родило првото внуче Маријана.

Фамилија се проширува со другите внучиња и тоа: Весна, Даниела, Марија, Дејан, Дајана и Ана. Тој како дедо посветил внимание на своите внуци за што истите му се благодарни и денес.

Секој дедо и баба се радуваат и кога ќе им се родат правнуци. Таква радост се случила со раѓањето на правнуците Маја, Тони, Филип, Мекс, Ромео, Лана и Александар.

Во Македонија бил официјално работен во компанијата Бетон во, а Австралија извршувал повеќе различни функции. Бил вработен во различни рудници, во волнарата и во „Сморген“.

Во „Шелдон Ресепшн“, Богдан Павлески со својата сопруга Марија подолго време беа дел од екипата која во воздигнаа „Шелдон Ресепшн“ од сала за свадби во голема бизнис Империја.

Јавноста меѓу кои и сите ние ќе паметиме Богдан Павлески како добар верник, добар родител, добар сопруг, добар дедо, примерен работник и како хуман човек кој првел многу за тие на кои што сакал да им помогне. Тоа го правел од своето детство до својата смрт.

Богдан зад себе ги остави ужалената сопруга Марија и трите ќерки Мирјана, Лидија и Зора со нивните семејства.

Телото ќе биде изложено во капелата „Hollibone Funerals“ денес, Вторник 23 Март 2021 во 6 часот навечер, на адреса 109/115 Victoria St, Seddon VIC.

Опелото на Богдан Павлески ќе се изврши утре, Среда на 24 Март во 12 попладне во Македонскиот Православен Храм „Св. Илија“ во Седон.

Погребот е закажан во гробиштата во Williamstown после опелото во Црквата „Св. Илија“.

Порталот Фаланга упатува искрено сочуство до сопругата Марија и ќерките Мирјана, Лидија и Зора, до роднините и сите пријатели на Богдан Павлески. Нека и твојата ѕвезда од сега силно свети на небото за сите нас Македонците и за Македонија… Амин.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img