Русија во јануари објави дека размислува да развие лесна верзија на својата вакцина за да обезбеди привремено решение и да им помогне на земјите со високи стапки на инфекција. Москва изјави дека Спутник, кој се дава во две дози, ќе продолжи најмногу да се користи во Русија.

Претседателот Владимир Путин рече дека 4,3 милиони Руси ги примиле двете дози на вакцината и најави дека ќе биде вакциниран утре, но не кажа со која вакцина.

Руските научници кои ја произвеле EpiVacCorona, втората вакцина во земјата, објавија дека нивната вакцина е ефикасна против новите варијанти на коронавирусот.

Русија започнала со тестирање на вакцината EpiVacCoronа, развиена од институтот Сибирски вектор во ноември минатата година. Третата руска вакцина е КовиВац, произведена од Центарот „Чумаков“.