Monday, April 12, 2021
HomeЗдравјеВакцините на „АстраЗенека“ конечно стигнуваат в недела

Вакцините на „АстраЗенека“ конечно стигнуваат в недела

Првата пратка од вакцините на „АстраЗенека“ од Ковакс програмата треба да стигне в недела изутрина. Тоа го објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

„Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристигнува првата пратка од 24.000 вакцини на ‘Астра Зенека’ преку Ковакс системот“, напиша Филипче.

Македонија од Ковакс програмата треба да добие 100.800 вакцини од „АстраЗенека“ и според претходните најави останатиот дел на дозите треба да биде испорачан во земјава во првата половина на април.

Денеска во Босна и Херцеговина стигна првиот контингент вакцини преку Ковакс програмата – 23.400 дози на „Фајзер“. Вечерва треба да стигнат уште 26.400 дози на „АстраЗенека“. Наредниве денови и Црна Гора треба да ја добие првата пратка на вакцините од Ковакс механизмот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img