Monday, April 12, 2021
HomeТехнологијаВенецуела го обвини Facebook за „дигитален тоталитаризам“

Венецуела го обвини Facebook за „дигитален тоталитаризам“

Венецуелската влада го обвини во неделата Facebook за „дигитален тоталитаризам“, откако најголемата социјална мрежа на светот го суспендираше на 30 дена профилот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, поради наводно ширење дезинформации за Covid-19.

Од Facebook за агенцијата Reuters изјавиле дека викендот го избришале и видеото на коешто Мадуро го промовира „Карвативир“, лекот од венецуелско производство за кои се тврде дека лекува од Covid-19. Лекот, инаку, се заснова на мајчина душица. Од социјалната мрежа рекоа дека ги следат насоките на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) дека во моментов не постои лек за Covid-19.

„Министерството за комуникацијата најостро го осудува самоволието на Facebook, кој кршејќи го уставот на Венецуела, го блокираше на 30 дена официјалниот блог на претседателот Николас Мадуро, кршејќи ги правата на 1,2 милиони негови корисници“, се вели во реакцијата на венецуелската влада.

Ова не е првпат Facebook, како и неговите партнерски мобилни апликации WhatsApp и Instagram, да ги санкционираат објавите на Мадуро. На пример, во октомври 2020 година, таквата акција беше преземена за објавата на претседателот на Венецуела за молекулата DR10, исто така, претставена како венецуелски лек за третман на Covid-19, а сега е од мрежата администраторите ја отстранија снимката од состанокот на кој бил претставен препаратот „Карвативир“.

„Сведоци сме на дигиталниот тоталитаризам на наднационалните копании, коишто сакаат да наметнат свои правила на државите во светот“, коментираше венецуелското министерство за комуникации и информирање.

Од Facebook во неделата одбиле повторно за Reuters да ги коментираат наводите на владата на Венециела.

„Ова не е само акт на цензура од страна на диктатурата на новите медиуми, туку и доказ за проширувањето на блокадата и бојкот што северноамериканската империја нелегално ги користи против нашиот народ“, напиша, пак, на Twitter, венецуелскиот министер за коуникации, Фреди Нијањес.

Левичарскиот венецуелски претседател Николас Мадури, кого западните земји предводени од САД го осудуваат како диктатор во обидите да го соборат од власт поради неговите тесни врски со Кина и со Русија, објави во неделата во твит дека својот дневен брифинг за короанвирусот ќе го објави на профилот на Facebook на неговата своја сопруга, Силија Флорес.

Венецуела, со повеќе од 28,5 милиони жители, пријави вкупно 155.663 случаи на заразата со коронавирусот и 1.555 починатаи.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img