Monday, April 12, 2021
HomeБалканБорисов се одржа на власт маневрирајќи низ пандемијата и протестите

Борисов се одржа на власт маневрирајќи низ пандемијата и протестите

Кога Бугарите излегоа на улиците летоска, барајќи оставка на премиерот Бојко Борисов, аналитичарите сметаа дека неговото време помина по речиси една деценија на функцијата. Згора, неговата партија ГЕРБ беше оптоварена од корупциски скандали. Но Борисов остана на чело на партијата, држејќи се цврсто низ кризата, иако првично сугерираше дека нема да се кандидира на претстојните избори закажани за 4 април, пишува „Франс 24“.

– Да имаше предвремени избори, ќе се создадеше заеднички фронт против ГЕРБ и Борисов ќе беше симнат од власт. Но протестите сега се заборавени – кажа аналитичарот Парван Симеонов.

Многумина сметаат дека пандемијата му донесе политичка корист на Борисов бидејќи ги спречи Бугарите да излегуваат на протести.

– Ако стапките на зараза се повисоки, излезеноста ќе биде ниска, што главно ќе ја погоди опозицијата. Ако стапките на зараза се пониски, тогаш оние на власт ќе кажат, видете, ние го победивме коронавирусот – посочува Симеонов.

Борисов потоа се насочи кон активностите во кои се среќаваше со фабрички работници или со оние кои работат на конструкција на патиштата, како и со жителите од бугарските села, наместо да држи прес-конференции или да се обраќа во парламентот.

– Овие трикови не ја зголемуваат поддршката на Борисов, но помагаат да се намалат загубите – смета аналитичарот Евгениј Дајнов.

Со цел за освојување на гласови, бугарскиот премиер нудеше и бонуси за докторите и пензионерите, како и финансирање на градежни проекти низ државата.

Надворешната политика исто така е деликатно поле на кое Борисов балансира, откако се соочи со притисок од меѓународната заедница во пресрет на изборите. Останува да се види каков ќе биде резултатот на Борисов на претстојното гласање в понеделник.

 

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img