Monday, April 12, 2021
HomeСпортРајола ги користи истите финти за Халанд како за Ибрахимовиќ во 2009...

Рајола ги користи истите финти за Халанд како за Ибрахимовиќ во 2009 година

Еден од најдобрите светски фудбалски менаџер Мино Рајола ќе биде главна тема до крајот на летото бидејќи тој е застапник на Ерлинг Халанд.

За Норвежанецот се „тепа“ пола Европа, а Рајола со таткото на Ерлинг вчера ја почна турнејата по клубовите. Прво беше во Барселона, а потоа во Мадрид што на некој начин ги зачуди шпанските медиуми.

Сепак, оние што подолго ги следат Рајола и европскиот фудбал, ќе се сетат дека истото го правеше и во 2009 година со Златан Ибрахимовиќ. Прво преговараше со Барселона, а на 19 јуни 2009 се сретна со Флорентино Перес, неколку дена откако тој се врати на претседателската функција во Реал. И покрај контактите, еден месец подоцна Златан го облече дресот на Барселона.

Со оваа тактика Италијанецот се обидува да ја крене цената на својот клиент, а во исто време и да си обезбеди себеси повисока провизија.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img