Monday, April 12, 2021
HomeСпортПирло: Не сме фокусирани, постојано ги правиме истите грешки

Пирло: Не сме фокусирани, постојано ги правиме истите грешки

Фудбалерите на Јувентус денеска се спасија од пораз во градското дерби против Торино. Натпреварот заврши со 2:2, а „Биковите“ кои се борат за опстанок, дополнително ја оддалечија „Старата дама“ од првото место, па сега им претстои борба за да го зачуваат местото кое води во ЛШ.

Тренерот Андреа Пирло очекувано не беше задоволен од изданието на своите избраници, кои во финишот од мечот сепак имаа шанса да дојдат до победата.

„Кога нема да победиш, не можеш да бидеш задоволен. Победата е потребна за да создаде мир во главата, а ние како и обично ги правевме истите грешки. Ова е деликатен момент и би требало сите да бидеме максимално фокусирани, што се уште не сме“, изјави Пирло по мечот.

Тој додаде дека овој тим мора да напредува и да победува за да биде спокоен.

„Не сме задоволни како стоиме оваа сезона. Загубивме многу бодови сезонава на сличен начин и мораме да бидеме подобри“, изјави некогашниот фудбалер кој во август минатата година го презеде кормилот на Јувентус.

Тој нагласи дека екипата често прима голови од сопствени грешки, како и дека било многу тешко по израмнувањето да дојдат до трет гол, бидејќи противникот се затворил во намера да не остане без ниту еден бод.

 

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img