Monday, April 12, 2021
HomeМакедонијаОсмани очекува нова динамика со Бугарија по изборите во недела

Османи очекува нова динамика со Бугарија по изборите во недела

Рационална дебата за спорните прашања уште од понеделник, ден по изборите во Бугарија, очекува министерот за надворешни, Османи. Вели дека посакува бугарските институции да се формираат што е можно поскоро, бидејќи тоа ќе доведе до предвидливост во целиот процес.

-Оптимист сум дека со новиот пристап на градење доверба преку секторска соработка и со завршувањето на изборниот процес во Бугарија ќе го вратиме амбиентот на рационална дебата, која очекувам да се случи од понеделник со цел сериозен ангажман на двете страни во надминување на разликите за да се добие можност во јунско-јулските самити на ЕУ да се донесе консензус по однос на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, рече Османи на денешната прес-конференција.

Во однос на бугарската реторика кон Македонија за време на изборите, Османи вели дека самите избори ги киднапираат нормалните политички текови, а емоциите се издигнувале на високо ниво, што придонесува до исчезнување на рационалноста.

Сепак, Османи признава дека во претходните преговори била направена грешка.

– Првата фаза од разговорите немаше најсоодветен пристап. Бидејќи сметаме дека најсоодветниот пристап е прво да разговарате за прашањата кои ве зближуваат со цел да создадете еден доволен амбиент на доверба, за потоа во таков амбиент на доверба да ги соочите разликите што ги имате. Бидејќи во услови на недоверба и разликите кои што може да се надминат, стануваат голема пречка, рече Османи.

Бугарските граѓани во Македонија на парламентарните избори во Бугарија ќе може да гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва и во пет избори единици во Скопје, Штип, Струмица, Битола и Охрид.

Османи денеска презентираше нова 10-годишен план за надворешните односи „Рефлексија 20-30“.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img