Monday, April 12, 2021
HomeСпортКатастрофални вести за Солскјер, крај на сезоната за напаѓачот на Јунајтед

Катастрофални вести за Солскјер, крај на сезоната за напаѓачот на Јунајтед

Манчестер Јунајтед ќе биде ослабен во остатокот од сезоната, откако е откриено дека напаѓачот Ентони Марсијал е повреден. Оваа вест пристигнува во пресрет на натпреварот со Брајтон во рамките на 30. коло од англиската Премиер лига.

Ова го потврди и тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

„За жал, го повреди коленото додека беше со репрезентацијата. Веројатно го загубивме до крајот на сезоната и тоа секако е големо разочарување. Имаше некои сигнали дека не станува збор за ништо посериозно, но се испостави дека сепак е голем проблем“, изјави менаџерот на Јунајтед.

Францускиот репрезентативен напаѓач доживеа повреда за време на репрезентативната пауза и нема да игра до крајот на сезоната. Ова е лоша вест за Манчестер Јунајтед, чии амбиции оваа сезона е освојувањето на Лигата на Европа и задржување на место кое води во Лигата на шампионите.

Јунајтед е второпласиран во англискиот шампионат зад градскиот ривал Сити, а во четвртфиналето од Лигата на Европа се соочува со екипата на Гранада.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img