Monday, April 12, 2021
HomeСветЕУ загрижена поради активностите на Русија на границите со Украина

ЕУ загрижена поради активностите на Русија на границите со Украина

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел изрази загриженост за придвижувањето на руските трупи во близина на Украина, на која ѝ вети поддршка.

– Со голема загриженост ја следиме руската воена активност околу Украина. Непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, напиша шефот на европската дипломатија на Твитер по телефонскиот разговор со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Борел објави дека овој месец ќе има средба со министрите за надворешни работи на ЕУ и Кулеба. Минатата недела Украина ја обвини Русија за трупање војска на северната и источната граници, како и на полуостровот Крим, анексиран од Москва. Кремљ не го негираше движењето на војниците, но увери дека со тоа „никому не се заканува”.

Прочитајте и… Во Албанија почнува имунизацијата на лицата над 65-годишна возраст
Повеќе од 13 000 лица се убиени, според ОН од почетокот на конфликтот во Украина во 2014 година. Западните лидери, вклучувајќи го и новиот американски претседател Џо Бајден, изразија поддршка за Украина.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img