Monday, April 12, 2021
HomeСветБелгија нема да вакцинира лица под 55 години со „Астра Зенека“

Белгија нема да вакцинира лица под 55 години со „Астра Зенека“

Белгија од денеска ја ограничува вакцинацијата за лицата под 55-годишна возраст на сите производители на вакцини освен на „Астра Зенека“, откако Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера потврди дека згрутчувањето на крвта може да биде ретка, но опасна нуспојава од оваа вакцина.

Иако ЕМА не можеше да потврди дали некои групи на населението се позасегнати од други, ниту врз основа на возраста ниту врз основа на полот, бидејќи случаи на тромбоза се детектирани кај сите категории, белгиските здравствени власти одлучија дека е побезбедно да се ограничи вакцинацијата со „Астра Зенека“ и оваа вакцина да се користи за лицата над 55 години.

Портпаролот на кризниот штаб за ковид-19, Ив Ван Латем, рече дека 85 до 90 отсто од несаканите ефекти се детектирани кај лица под 55-годишна возраст.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img