Monday, April 12, 2021
HomeМакедонијаТрајанов: Издавањето пасоши на нарко босови ќе се одрази на меѓународниот углед...

Трајанов: Издавањето пасоши на нарко босови ќе се одрази на меѓународниот углед на Македонија

Повеќе од извесно е дека аферата со издавање фалсификувани пасоши ќе има тектонски раздвижувања од пошироки размери и во нејзиното расчистување ќе се вклучат и најразвиените и моќни разузнавачки служби, смета поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на владејачкиот Демократски Сојуз, Павле Трајанов.

„Издавањето на пасоши на нарко босови и лица опасни по безбедноста на други држави, ќе се одрази на меѓународниот углед на Македонија, на третманот во НАТО, како и на евроинтеграциските процеси. Подолго време иницирам да поминат низ ‘сито’ сите вработени во МВР и во другите безбедносни служби. Во АНБ тој процес е при крај. Без кадровско прочистување и натаму ќе се загрозува националната безбедност, особено ако во витални сектори во безбедносните служби работат лица без целосни безбедносни проверки согласно со стандардите на НАТО”, потенцира Трајанов.

Дали е ова само врв на ледениот брег? Во февруари годинава МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осум вработени во МВР, бидејќи фалсификувале возачки дозволи за потребите на лица кои немаат положено возачки испит. Фактот дека овој случај воопшто не го вклучил алармот кај нивни колеги кои работеле на друга „проблематика“ – фалсификување патни исправи, говори дека тие се чувствувале сосема комотни да продолжат со незаконските активности. Од каде чувството дека некој ништо не им може?

„Партиите треба да се откажат од патерналитетот над кадрите кои со списоци ги вработувале, и да не го условуваат опстанокот на Владата и министрите со амнестија на нивните криминални кадри“, вели Трајанов.

Покрај безбедносниот аспект, ова нѐ враќа и на вечната тема „реформа на јавната администрација“, која никако да започне, но и на фактот дека позитивната дискриминација при вработувањето редовно замижува пред мерит-системот, во интерес на етничките квоти предвидени според принципот на соодветна застапеност.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img