Sunday, February 28, 2021
Home Австралија Папагал го спаси сопственикот од пожар во куќата

Папагал го спаси сопственикот од пожар во куќата

Еден човек од Австралија тврди дека успеал да го преживее пожарот што избувнал во неговиот дом затоа што го разбудил неговиот папагал.

Антон Нујен заспал во својата двокатна куќа во Бризбејн кога избувнал пожар. Тој тврди дека неговиот папагал Ерик го разбудил кога почувствувал чад во куќата. Папагалот го извикувал името на својот сопственик пред да се вклучи алармот за чад во куќата.

Тој го зел папагалот, ја отворил вратата и погледнал кон задниот дел од куќата, кој бил зафатен од пламен, по што веднаш избегал надвор. Кога пристигнале пожарникарите, пожарот веќе ја зафатил целата куќа.

Пожарот е изгаснат за еден час, а во акцијата учествувале четири противпожарни единици. Засега не се познати причините за пожарот, а истрагата е во тек.

Популарно

- Реклама -