Thursday, May 19, 2022
HomeСпортУсловот на Покетино за Јунајтед е барем едно од пет потенцијални засилувања

Условот на Покетино за Јунајтед е барем едно од пет потенцијални засилувања

Медиумите внимателно го следат секој пораз на Манчестер Јунајтед, а особено мета е Оле Гунар Солскјер кој има проблеми на почетокот од оваа сезона.

Головите кои Манчестер Јунајтед ги прими во Турција против Башакшехир говорат дека нешто не се работи како што треба, одбраната правеше грешки кои не смеат да им се случуваат ни на клубови во далеку пониски лиги.

Маурисио Покетино е човекот кој најчесто се споменува како реално решение за Манчестер Јунајтед и е фаворит според обложувалниците.

„Мирор“ денеска пишува за петмина фудбалери кои тој ги поставува како услов до управата, би сакал барем еден од играчите кои се воглавно ѕвезди во своите тимови.

Прв е Хари Кејн, суперѕвездата на англискиот фудбал и човекот кој Покетино практично го вивна во ѕвездите. Вториот, секако, е Џејдон Санчо, трет е Деле Али од Тотенхем кој исто така е миленик на Покетино, но е во немилост на Мурињо. Четврти е Филипе Кутињо кој е препороден кај Роналд Куман во Барселона, но би можел да се врати во Премиер лигата каде го носеше дресот на Ливерпул. Петтиот е Калиду Кулибали. Според многумина, на Јунајтед во моментов најпотребен му е токму стопер, со оглед на слабата форма на Мегваер.

Доаѓање на еден од споменатите играчи во јануари би било големо изненадување, но веднаш треба да се отпише Кејн од кого е практично невозможно Тотенхем да се откаже.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img