Sunday, April 11, 2021
HomeМакедонијаБугарскиот амбасадор во ЕУ: Имаме голем проблем со Скопје, а не банален...

Бугарскиот амбасадор во ЕУ: Имаме голем проблем со Скопје, а не банален спор за историјата

Добрососедските односи да бидат критериум за членство на Македонија во Европската Унија, да се користи официјалното име Република Северна Македонија, а не краткото Северна Македонија, а формулата за јазикот да биде „официјалниот јазик“ на земјата кандидат, а не „македонскиот јазик“, се трите барања кои официјална Софија сака да се вклучат преговарачката рамка за Македонија, пишува софиски „Медијапул“, повикувајќи се на дипломатски извори.

На вчерашниот амбасадорски состанок бугарските ставови ги пренел амбасадорот Димитар Цанчев кој, според бугарскиот портал, кажал дека „Скопје“ практично ги блокирало преговорите со неговата земја и поради тоа на сите им било јасно оти Бугарија ќе ја запре соседната земја на патот кон ЕУ.

Цанчев на средбата рекол дека „таквата исклучителна солидарност на Европската комисија со земја кандидат е без преседан и ѝ прави лоша услуга“.

„Таквиот пристап на Европската комисија и нереално позитивните оценки кои нејзините експерти ги даваат за добрососедските односи само ја потврдуваат оправданоста на нашето барање да има одделно преговарачко поглавје за да може државите членки да имаат свој глас во изготвувањето на тие оценки, со оглед на необјективноста на Комисијата“, го пренесува „Медијапул“ излагањето на Цанчев.

Според порталот, тој уште кажал дека нема „сигурни гаранции“ во рамките на преговорите дека Скопје ќе се откаже од антибугарската основа на својата национална доктрина.

„Имаме голем проблем. Тој е многу сериозен. Ова не е некоја банална полемика околу историјата што може да им се остави на историчарите“’, вели Цанчев и „потсетил“

Дека Скопје ја фалсификувало историјата на штета на соседните земји кои спаѓаат во географската област Македонија за да го аргументира новосоздадениот идентитет и претензии кон соседните земји.

Според него, ставот на Бугарија е дека прогласувањето на еден од локалните бугарски јазици како „македонски“ е суштинска алатка во оваа политика.

По објаснувањето на бугарските размислувања, Цанчев ги презентирал и аргументирал бугарските барања за рамката за преговори.

„Софија инсистира да се воспостави посебно поглавје 35, користејќи го преседанот со рамката за преговори за Србија и добрососедските односи да се следат како хоризонтален критериум за членство во текот на целиот процес на преговори.

Ова е потребно затоа што Скопје има практика да не ги исполнува билатералните договори откако ќе ги постигне своите цели. По потпишувањето на Преспанскиот договор и по заклучоците на Советот за општи работи донесени во јуни 2018 година во рамките на ротирачкото претседателство на Бугарија со Советот на ЕУ, отворајќи го патот на Република Северна Македонија кон членство во ЕУ, имплементирањето на Договорот за добрососедство постепено почна да слабее. Пред една година, Скопје исто така ги повлече своите учесници од мешовитата комисија за историски прашања, чие формирање беше една од важните клаузули на договорот од 2017 година“, објаснувал Цанчев.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img