9.9 C
Skopje
12.2 C
Melbourne
Thursday, 25 April, 2024
0
Дома Македонија Мнозинството во Собранието чека предлог од опозицијата каде и кога да се...

Мнозинството во Собранието чека предлог од опозицијата каде и кога да се разгледува договорот за коридорите

Опозицијата до претседателот на Собранието, Талат Џафери да предложи надлежно тело за разгледување на Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д и да определи датум кога ќе се разгледа Договорот, е договорот што бил постигнат на денешната координација на координаторите на пратеничките групи кај Џафери. На координацијата не учествуваше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Со оглед на тоа што Договорот е класифициран, односно само пратениците кои се носители на безбедносен сертификат имаат увид во неговата содржина, договорено е Договорот да се разгледува на седница на Комисија која ќе биде затворена за јавноста и на неа ќе присуствуваат само пратениците кои имаат безбедносни сертификати

– Ставот на присутните на координацијата е дека, со оглед на тоа што иницијативата е на опозицијата, а опозицијата не присуствува на координација, опозицијата да предложи надлежно тело за разгледување на Договорот до претседателот и да определи датум кога ќе се разгледа Договорот. Веднаш по отворањето на комисиската седница, пратениците ќе се изјаснат за затворање на седницата за јавноста, пишува во соопштението од кабинетот на Џафери.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по координацијата за „Слободен печат“ коментираат дека однесувањето на власта и целата нетранспарентност упатува на тоа дека Договорот со голема веројатност нема основ, ниту безбедносни компоненти за да биде класифициран како државна тајна.

– Класификацијата строго доверливо или државна тајна во министерството за транспорт ја имаат направено за да се прикријат незаконитите дејствија и злоупотребата на службената положба при склучувањето на Договорот, а со тоа СДСМ и ДУИ се обидуваат да ги покријат незаконските постапки на Артан, Ејуп и Бочварски, – ни изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Член 21 од Законот за класифицирани информации стои:

„Ако со класифицираната ин формација се прикрива пречекорување на овластување, злоупотреба на функцијата или некое друго незаконско дејствие, односно казниво дело, таквата информација нема да се смета за класифицирана. На лицата кои ќе ја пројават информацијата од ставот 1 на овој член до надележен орган согласно со Законот за заштита на икажувачи, им с егарантира заштита согласно со закон“.

Пред почетокот на координацијата пратеникот Антонио Милошоски излезе со објава дека „во Собранието денеска владеачкото мнозинство ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Договор за прескапите автопати и на која Комисија би требало да се разгледува“.

Според него, иако за втората тема нема дилеми, Комисијата за транспорт е надлежното работно тело кое разгледува материјали за изградба на инвестициони објекти во транспортот и патниот сообраќај. Секоја друга импровизација ќе биде само уште еден обид овој Договор да се држи во тајност.

Melbourne
broken clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
3.7kmh
65 %
Thu
15 °
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
22 °
Mon
16 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img