Monday, April 12, 2021
HomeМакедонијаИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не предложи кандидати на изборите во Штип...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не предложи кандидати на изборите во Штип и Пласница

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ реши да го бојкотира изборот за градоначалник во Штип и Пласница.

Ваква одлука велат дека донеле поради енормниот раст на заболени од КОВИД-19 и зачувување на здравјето на граѓаните.

Иако лидерот на опозицијата Мицкоски вчера не ја исклучи можноста за настап на предвремените локални избори во коалиција со тандемот Алијанса за Албанци – Алтернатива, од ДПМНЕ денеска децидни дека изборите се само оттргнување од реалните проблеми со кои се соочува власта.

„Во владата не ја сфаќаат сериозно ситуацијата од едноставна причина бидејќи сега имаат причина плус да ја замајувата јавноста со избори, да ја оттргнуваат од се останато вклучително и од оваа блокада од бугарската страна за ЕУ-интегративниот процесц која што му ја сервираа на Зоран Заев заради неговото шарлатанско однесување.“изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, обвинуваат дека партијата избегнува предизборно соочување поради страв од неуспех.

„Толку од сериозноста на Мицкоски, тој е политичар кој немаше став за најважните прашања, а денес неговите изјави веќе не можат да се земат со никаква сериозност. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се секогаш на спротивната страна од интересите на државата и граѓаните и затоа нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму.“-СДСМ.

На одлуката на ДПМНЕ се огласија и од Иницијативата за свикување конгрес. Велат дека со ваквата одлука Мицкоски му обезбедил уште една победа на СДСМ.

Во трката за градоначалничката фотелја засега се пријавени Сашко Николов од СДСМ, Лазар наумов од ТМРО и Трајче Митев како независен кандидат. Инаку рокот за поднесување на кандидатури истекува на полноќ.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img