Бајден рече дека САД се соочуваат со „многу мрачна зима“ и „најлошиот бран досега“, а Американците мораа да ги остават настрана политичките разлики за да се справат со короната.

Бајден ја поздрави веста дека прелиминарните резултати покажале 90 проценти ефективност на вакцината на Фајзер, но предупреди дека ќе поминат неколку месеци пред вакцината да стане широко распространета.

„Процесот мора да биде базиран на наука и целосно транспарентен, така што американскиот народ може да има доверба дека секоја одобрена вакцина е безбедна и ефикасна. Во исто време, јасно е дека оваа вакцина, дури и да биде одобрена, нема да биде широко достапна во наредните месеци“, рече Бајден, додавајќи: „Ни претстои многу мрачна зима“.

Тој назначи нова работна група и вети дека ќе ја следи науката додека го составува својот преоден тим.

Доналд Трамп продолжува да одбива да го признае поразот и ги оспорува резултатите од изборите. Прави правни чекори во неколку држави.

Победата на Бајден беше прогласена во саботата, но некои држави сè уште ги бројат гласачките ливчиња. Бајден на национално ниво му води на Трамп со околу 4,5 милиони гласови.