После Јужна Австралија, уште една австралиска сојузна држава, Викторија, планира да изгради огромна батерија. Тоа се прави со цел да се премине кон одржливи извори на енергија, и дистрибуција на електрична енергија.
Викторија потпишала партнерство со компанијата Tesla, која ќе им изгради батерија со колосални пропорции и моќност од 300 мегавати, односно капацитет од 450 мегават-часови. На видеото одозгора може да погледнете како ќе изгледа колосалната батерија во Викторија кога ќе се изгради.