Friday, August 19, 2022
HomeПопуларноСАД повторно бележат црн рекорд со над 200.000 коронаинфекции во 24 часа

САД повторно бележат црн рекорд со над 200.000 коронаинфекции во 24 часа

САД во вторникот повторно го надминаа црниот рекорд во бројот на новозаразените со коронавирусот со 201.961 случај потврден во последните 24 часа, покажуваат збирните резултати кои ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во 20,30 часот по локално времен, односно во средата во 2,30 часот по македноско време.

Најголемата економска сила во светот е и далеку најпогодената земја на планетата во пандемијата на коронавирусот, од неодамна надминувајќи го прагот од 10 милиони заразени со новиот коронавирус и речиси 240.000 починати.

Веќе една седмица бројот на заразените со SARS-CoV-2 редовно надминува 100.000 зарази на дневно ниво, што досега не беше забележано. Во моментов најтешка е состојбата на северот од САД и на Средниот запад.

Иако бројот на починатите на дневно ниво е далеку помал отколку пролетва, во вторникот се пријавени повеќе од 1.500 смртни исходи од Covid-19 во последните 24 часа.

Меѓутоа, и бројот на пациентите примени во болниците постојано расте. Околу 62.000 пациенти се хоспитализирани поради Covid-19 во американските болници, објави ресурсот Covid Tracking Project, што последен пат беше забележано кон крајот на јануари, кога официјално беше потврден првиот случај на коронаинфекција во САД.

Вниманието на американската јавноста е насочена на веста објавена во понеделникот дека вакцината која ја развиваат заеднички лабораториите на американската компанија „Pfizer“ и на германската „BioNTech“ против коронавирусот е „успешна во 90 отсто од случаите“.

Американската влада под влијание на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп потпиша договор со „Pfizer“ во износ од 1,95 милијарди долари, за купување на 100 милиони дози, ако вакцината биде одобрена. Сегашната администрација се надева дека до крајот на годината ќе започне со вакцинација на ранливите групи.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img