Friday, August 19, 2022
HomeСветТрамп денеска за прв пат ќе се појави во јавноста по изборите

Трамп денеска за прв пат ќе се појави во јавноста по изборите

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ќе ги посети Националните гробишта во Арлингтон, соопшти Белата куќа. Тоа ќе биде првото негово јавно појавување откако на претседателските избори беше поразен од демократскиот ривал Џо Бајден. Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе ги посетат гробиштата за да го одбележат Денот на бранителите, изјави за Ројтерс портпаролот на Белата куќа Џад Дир. Претходно американскиот државен обвинител Вилијам Бар ги овласти федералните обвинители да отворат истраги за нерегуларности во гласањето, и покрај тоа што нема докази за поддршка на тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека тој ги загубил претседателските избори од демократот Џо Бајден со измама.

Бар, близок соработник на Трамп, беше обвинет од критичарите и демократите за повеќекратно политизирање на системот на правдата за време на неговиот мандат. Администрацијата на Трамп го повика Министерството за правда да ги испита тврдењата за измама, а изборниот штаб на Трамп покрена неколку тужби во повеќе држави. Судиите ги отфрлија тужбите во Мичиген и Џорџија, а експертите велат дека законските напори на Трамп имаат мали шанси да го променат изборниот резултат.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img