Sunday, April 11, 2021
HomeМакедонијаПродолжуваат преговорите меѓу Скопје и Софија

Продолжуваат преговорите меѓу Скопје и Софија

Македонија се уште е во неизвесна ситуација во однос на почетокот на преговорите за членство во Европската унија и не се знае дали Бугарија ќе го искористи своето право на вето. Седницата на Советот на министри за европски прашања е презакажана за 17 ноември, така што се уште постои простор за разговор помеѓу Скопје и Софија во насока на усвојување на преговарачката рамка. Вчерашните разговори во Софија, како што оценуваат учесници во процесот од Скопје, се добра основа да се продолжи понатаму за надминување на недоразбирањата со Бугарија.

Остануваме посветени на наоѓање решение и работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина, истакнаа од Владата по вчерашните средби во Софија, каде делегација предводена од премиерот Зоран Заев учествуваше на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Македонија и Бугарија се копретседавачи со процесот.

-Успешниот Берлински процес дава позитивен моментум и охрабрување на процесот. Тоа е надополнето со засилениот ангажман на германското претседателство. По денешните работните средби во Софија остануваме посветени на наоѓање решение. Тоа е важно за Македонија и за Бугарија. Тие сакаат да има решение, ние исто така сакаме. Работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина, брифираа од Владата.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img