Аргентинецот Фернандо Гаго, поранешен член на Реал Мадрид, реши да се збогува со фудбалот на 34-годишна возраст.
Гаго, чија кариера беше обележана со бројни повреди, им ја соопшти својата одлука на своите соиграчи од аргентинскиот Велез.
Тој имаше дури пет сериозни повреди, последната во јануари, а неодамна се врати на теренот и реши дека е крај.Некогаш, еден од најголемите светски таленти пристигна од Бока јуниорс во Реал во јануари 2007 година за 20 милиони евра
Тој не го исполни целиот свој потенцијал како еден од најдобрите јужноамерикански фудбалери, на што придонесоа и повредите, а по три и пол сезони се пресели во Рома, а потоа и во Валенсија.
Подоцна, неговата кариера паѓаше сè повеќе, и на крајот во последните неколку години тој играше во својата татковина за Велез и Бока.