Friday, August 19, 2022
HomeПопуларноКрв на улиците на Варшава на Денот на независноста на Полска

Крв на улиците на Варшава на Денот на независноста на Полска

Поддржувачите на крајната десница се судрија со полицијата во близина на полскиот Национален стадион на крајот на денешниот марш во Варшава на Денот на независноста.

Собирот беше одржан и покрај забраната на јавни собирања поради пандемијата на коронавирусот.

Портпаролот на полицијата во Варшава кажа дека учесниците фрлале камења и факели врз припадниците на органите на редот и дека се повредени неколку полицајци, јавува Ројтерс.

Се наведува дека полицијата им го блокирала преминот на учесниците на маршот во близина на стадионот, неодамна претворен во привремена ковид-болница, за да го обезбеди патот користен за транспорт на респиратори.

Лидерот на здружението кое го организирало маршот тврди дека за насилството е виновна полицијата и дека полицајци ги испровоцирале учесниците на маршот во близина на Националниот стадион.

Во маршот учествуваа илјадници припадници на крајната десница. Многу учесници се појавија со автомобили и ма мотоцикли за да одржуваат дистанца, додека некои маршираа пешки фрлајќи петарди на полицијата.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img