Friday, August 19, 2022
HomeСветИлон Маск збунет: Бил и позитивен и негативен на корона со брзите...

Илон Маск збунет: Бил и позитивен и негативен на корона со брзите тестови

Извршниот директор на компанијата Тесла Илон Маск изјави дека истовремено направил четири тестови на коронавирус, од кои два биле позитивни, а два негативни.

Тој на својот Твитер налог го објави ова изразувајќи сомнеж дека нешто лажно се случува.

-Се тестирав денеска четири пати на коронавирус. Двата тестови беа негативни, а двата позитивни. Иста машина, иста сестра, ист тест. Брзи антиген тест, напиша Маск, најверојатно алудирајќи на брзиот тест од компанијата Бектон Дикинсон, пренесува Ројтерс.

Маск додаде дека направил и ПЦР тест и дека резултатите ќе му бидат дадени во рок од 24 часа.

На прашањето на еден од неговите следбеници на Твитер, дали има некакви симптоми на болеста, Маску му одговори дека се чувствува како да е настинат.

– Засега ништо невообичаено, рече тој.

Инаку, компанијата Бектон Дикинсон соопшти уште во септември дека повела истрага откако се појави информации дека нивните брзи тестови користени во домовите за стари лица давале погрешни резултати.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img