Monday, April 12, 2021
HomeМакедонијаСобраниска расправа за Еуростандард банката

Собраниска расправа за Еуростандард банката

Расправа за затворањето на Еуростандард банка пратениците ја искористија за партиски препукувања. Пратеникот од опозицијата Милошовски обвини дека струмички фирми блиски до власта профитирале од неплаќање на кредитите, а со тоа се влијаело на намалување на капиталот на банката. Од власта пак возвратија дека компаниите кои биле кредитирани без покритие биле блиски до лидерот на ВМРО Мицковски

Сопственикот на банката Трифун Костовски пак тврди дека затворањето е резултат на организиран криминал кој трае со години.

Претходно гувернерката Бежоска кажа дека одземањето на дозволата за работа на една банка е најтешката одлука на секоја централна банка и дека пред да се донесе одлука за еуростандар , биле исцрпени сите механизми.

Оштетените штедачи денеска повторно излегоа на протест бараа  да им бидат вратени парите.  Дозволаста за работа на банката беше одземена во август годинава поради како што тогаш бече посочено неконтролираното превземање  ризик а кредитирање и големото издвојување  на резервации за кредити кои не се враќале на време.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img