Monday, April 12, 2021
HomeСпортПандев: Пласманот на ЕП со Македонија, како титулата со Интер во ЛШ!

Пандев: Пласманот на ЕП со Македонија, како титулата со Интер во ЛШ!

Како што знаеме сите, Горан Пандев нема да биде дел од репрезентацијата на мечевите против Естонија и Ерменија во групата од Лигата на нации, бидејки доби заслужен одмор од репрезентацијата по избореното ЕП.

Гранде Горан се врати во Италија, каде ќе одмори неколку дена и потоа ќе се подготвува со Џенова за преостанатиот дел од сезоната во Серија А.

Медиумите и новинарите таму буквално го окружија и му поставија безброј прашања, на кои Пандев одговори соодветно:

„Не сум само јас национален херој во Македонија, сите сме во репрезентацијата заслужни за тоа. Ова е остварување на еден сон по 20 години во репрезентацијата. Конечно успеавме да го оствариме тоа за кое цела држава сонува и копнее. За ова чекавме 30 години. Тоа го остваривме и тоа на крајот од мојата кариера, уште не ни се верува што направивме, но еве, ние сме на ЕП, Овој успех го ставам на својот пиедестал заедно со титулата во ЛШ со Интер“, истакна Пандев.

Од друга страна, безброј фанови на Пандев од Македонија и Италија му го честитаа роденденот, со констатација дека жалат што нема да можат на следниот меч на Џенова да бидат на трибини и да му ракоплескаат за успехот со репрезентацијата.

„Илјадници пораки пристигнаа до мене, благодарност до сите, не успеав на сите да им одговорам. Имав многу порака и од фанови на Џенова, им благодарам и на нив, тие се во моето срце, па се надевам дека набрзо ќе се вратат на трибини за да ги поздравам“, порача Гоче Пандев.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img