Поддржувачи на Трамп вчера се собираа и во други градови, бидејќи ја оспоруваат легитимноста на изборите. Протестите во Вашингтон на почетокот беа релативно мирни, а ескралираа во текот на ноќта.
Едно лице е прободено со нож, a најмалку двајца полицајци се повредени на синоќешните протести во Вашингтон.
Илјадници приврзаници на Доналд Трамп кои протестираа против, како што велат, украдените избори се судрија со толпа од контра-демонстранти.
Протестите на почетокот беа релативно мирни, а ескралираа во текот на ноќта.
Полицијата уапсила најмалку 20 демонстранти, од кои четири за поседување оружје. Засега е нејасно дали уапсените биле приврзаници на Трамп или контра-демонстранти.
Поддржувачи на Трамп вчера се собираа и во други градови, бидејќи не сакаат да ја прифатат победата на демократот Џо Бајден и ја оспоруваат легитимноста на изборите.