Monday, October 25, 2021
HomeСпортСолидарност на дело, Ливерпул го продаде својот играч на несекојдневен начин

Солидарност на дело, Ливерпул го продаде својот играч на несекојдневен начин

Ливерпул во текот на вчерашниот ден го продаде играчот кој потекнува од нивната академија, Хари Вилсон, на Фулам за 12,5 милиони фунти.

Нови приходи се слеаја во касата на клубот од „Енфилд“ и тоа од уште едно момче кое не е во плановите на Јирген Клоп и се калеше на позајмици во претходните гоидни. Хари Вилсон своевремено важеше за еден од најталентираните членови на школата на Ливерпул, беше и капитен на младите селекции, но сепак не можеше да дојде до првиот тим.

Шесткратниот европски првак на име на обештетување ќе заработи 12,5 милиони фунти, но парите од Фулам нема да пристигнат веднаш, бидејќи одлучија да му излезат во пресрет на клубот од „Кревејн Котиџ“. Имено, за да не им направат проблем поради финансискиот фер-плеј во Англија, Ливерпул одлучи да го прифати предлогот на Фулам за „одложено плаќање“ кое ќе започне од почетокотна следната година.

Се на се, „Црвените“ би можеле да бидат задоволни од заработувачката од играчите кои не беа во нивните планови и истата изнесува 30 милиони фунти.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img