Monday, October 25, 2021
HomeСпортГеоргиевски верува во себе: Одам по златниот медал!

Георгиевски верува во себе: Одам по златниот медал!

Дејан Георгиевски, нашиот таеквондист и еден од двајцата најголеми адути за освојување на медал на Олимпијадата во Токио, се обрати до македонската јавност и најави дека ќе освои медал.

Георгиевски немаше среќа на ждрепката, бидејќи во првото коло ќе се соочи со светскиот првак Рафаел Алба од Куба, но и покрај тоа, Георгиевски не губи верба во себе и своите квалитети и најавува атак на медал, не криејќи дека се надева на златото.

„Секогаш одам по злато, без оглед дали е ЕП или Олимпијада, не е важно. Имам освоено европско злато и сребро и тоа ми дава за право да целам на првото место. И ова што досега го постигнав е успех, а медал од Олимпијада е повеќе од тоа. Ќе се соочам со светски шампион, но тоа не ми значи ништо. Јас ќе излезам да победам. Ќе го дадам последниот атом од силите за да ја израдувам Македонија, се надевам дека ќе донесам златен медал“, изјави Георгиевски за „Ипон“.

Дејан Георгиевски беше македонскиот знаменосец на отворањето на Олимписките игри, а тој е еден од двајцата наши олимпијци кој успеа да обезбеди А-норма за ОИ, и тоа преку олимпискиот шампион.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img