13.8 C
Skopje
13.7 C
Melbourne
Thursday, 18 April, 2024
0
Дома Македонија МВР потврди дека не дозволиле Ковачев и уште четворица Бугари да ја...

МВР потврди дека не дозволиле Ковачев и уште четворица Бугари да ја поминат границата

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека не е дозволен влез на петмина бугарски државјани, поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци.

-Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Северна Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата, нагласуваат од МВР.

Бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев за бугарската новинска агенција БГНЕС изјави дека повеќе од десет години на Ѓурѓовден оди во Ново Село, но оваа година не му бил дозволен влез во државата.

За жал, не ни дозволија да одиме на традиционалната прослава на Ѓурѓовден во струмичко Ново Село. Веќе повеќе од десет години на Ѓурѓовден одам во Ново Село, Македонија, кај нашите бугарски воени гробишта. Годинава на големо чудење и ужас не нè пуштија со образложение дека нивна одлука е да не пуштат, но никој не ни ги објасни причините. Имаме Указ со кој јас, Милен Врабевски и уште три лица бевме вратени од пунктот, изјави за БГНЕС Ковачев.

Додава дека е „крајно изненаден“ и дека пред неколку дена се сретнал со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

По изјавата на Ковачев, се јави и бугарското МНР и порача Северна Македонија да прекине со провокациите.

Во врска со денешниот невиден инцидент, Министерството за надворешни работи нагласува дека наведените тврдења за евроинтеграции на Северна Македонија бараат барем прекин на провокациите кон Бугарија, Бугарите и кон претставниците на европските институции. Бугарската страна ќе го покрене ова прашање официјално пред властите во Северна Македонија и со нашите меѓународни партнери, бидејќи настаните од слична природа имаат негативно влијание врз добрососедските односи и напорите на бугарската страна насочени кон враќање на довербата и создавање позитивна клима за развој на билатералните односи, пишуваат од бугарското МНР.

Melbourne
overcast clouds
13.7 ° C
14.8 °
12.1 °
87 %
3.1kmh
100 %
Thu
15 °
Fri
18 °
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
23 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img