Sunday, August 14, 2022
HomeАвстралијаИзвестување од Македонската Добротворна Организација (MCWA) околу пописот во Австралија за 2021...

Известување од Македонската Добротворна Организација (MCWA) околу пописот во Австралија за 2021 година и Македонската заедница

Почитувани припадници на Македонската заедница,

Внесување на точни информации при попишување за соодветно да си го
оствариме правото на самоопределување како Македонци

Во Австралија, секоја индивидуа и заедница има право на самоопределување. Ако
правилно се попишеме за време на Пописот 2021 ќе овозможиме да бидат исполнети
потребите на зедницата.

Секој еден од заедницата треба да одвои време за правилно и искрено да се попише.

Со тоа, потребите на нашата голема и постојано растечка заедница ќе бидат погласно
чуени од страна на локалната самоуправа, државите во Австралија и Федералната
Влада.

Дополнително, ќе обезбедиме точни податоци кои во иднина ќе бидат
употребени од страна на владиниот и приватниот сектор за создавање на услуги кои ќе бидат во корист на Македонците во Австралија.

MCWA секојдневно работи со постарите членови од нашата Македонска заедница.
Соодветно, MCWA со сигурност може да потврди дека е повеќе од важно да се
потрудиме да создадеме правилна и целосна слика за нашата заедница.

Ако се чувствувате како Македонци тогаш:
– Прашање Бр. 16 во однос на Земја во која сте родени (Country of Birth)
– Кликнете на OTHER (Please Specify) и внесете MACEDONIA.
– Прашање Бр. 18 во однос на Земја на раѓање на вашите родители (Of Parents –
Ancestry)
– Ако родителите ви се родени во МАКЕДОНИЈА тогаш внесете
MACEDONIA.
– Прашање Бр. 20 – Јазик кој го зборувате дома (Language Spoken at Home)
– Кликнете OTHER (Please Specify) и внесете MACEDONIAN.
– Ако добиете друго прашање во однос на вашето потекло (ancestry) и сте
Македонци, тогаш одберете OTHER (Please Specify) и внесете MACEDONIAN.
– Прашање Бр. 23 – Религија (Religion)
– Кликнете OTHER (Please Specify) и внесете Macedonian Orthodox.

Можеби ќе сакате да ја искористете оваа прилика да дадете мислење на крајот на
прашањата од пописот. Поточно во однос на Прашање Бр. 23 – за религија. Тука постои можност да се напомене дека православната вера не припаѓа само на еден народ и не би требало да се нагласува еден народ во дадените одговори. Ваквото еднострано нагласување може да доведе до забуна кај другите православни народи и преку таа забуна дојде до неточни податоци во самиот попис.

Од Бирото за статистика и одделот за Пописот 2021 нагласуваат дека ако не сте во
можност да го остварите вашето право на самоопределување и попишување преку
интернет до 10 август 2021 година, Бирото за статистика ќе испрати попишувачи до
сите домови што немаат дадено податоци за пописот и ќе го попише тоа население
рачно.

Ако вие сте дел од тие домаќинства што нема да се попишат преку интернет,
горенаведениот краток прирачник „Ако се чувствувате како Македонци“ може да се
искористи, бидејќи прашањата се идентични.

За дополнителна помош околу Пописот или да дознаете повеќе за MCWA, ве
замолуваме да се јавите во MCWA денес на 1800 988 767 (Понеделник до петок,
помеѓу 9 и 17 часот) или преку електронска пошта на [email protected]

Со почит,
Маријана Андоновски
Управен Директор на MCWA

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img