Tuesday, July 5, 2022
HomeUncategorizedСе оствари една од желбите на Партизан: Од НБА во „црно-бело“

Се оствари една од желбите на Партизан: Од НБА во „црно-бело“

Досегашниот играч на Голден Стејт, Ален Смаилагиќ во новата сезона ќе биде член на Партизан, објави денеска поранешниот европски шампион.

Со тоа се оствари една од двете последни желби на „црно-белите“, втората е Филип Петрушев со кого треба да е затвори ростерот за претстојната натпреварувачка кампања. Смаилагиќ беше избран како 39. пик на драфтот во 2019 година од Њу Орлеанс, но веднаш беше трејдуван во Голден Стејт каде за две сезони забележа 29 настапи во НБА лигата. Многу позначајна беше неговата улога во филијалата на Вориорс, Санта Круз каде лани постигнуваше по 15,2 поени по натпревар.

Крилниот центар потпиша договор на две години и е шесто засилување за Партизан по Кевин Пантер, Алекса Аврамовиќ, Зек Лидеј, Родионс Курукс и Далас Мур.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img