Sunday, August 14, 2022
HomeТехнологијаКомпанијата SpaceX ја состави најголемата ракета во историјата

Компанијата SpaceX ја состави најголемата ракета во историјата

Американската компанија „SpaceX “ ја состави најголемата ракета досега, објави Би-би-си. Два сегмента од ракетата – горниот „Стар шип“ и долниот погонски дел „Супер хеви“ се составени во постројката на „SpaceX “ во Бока Чика во Тексас.

Поради висината од околу 120 метри, сите претходни ракетни системи изгледаат како џуџиња.

Кога конечно ќе полета, ќе произведе двојно повеќе потисок од ракетата што ги испрати луѓето на Месечината.

За поврзување на двата сегмента беше потребен масивен кран. Тие беа задржани на таа позиција еден час, а потоа беа разделени.

„SpaceX“ има уште неколку недели, односно месеци за тестирање пред првиот официјален лет, кој најверојатно ќе се случи до крајот на 2021 година.

Извршниот директор компанијата, Илон Маск, составувањето на ракетата го нарече „сон што стана реалност“.

Тој вели дека „Стар шип“, откако ќе биде завршен, ќе може да ги одведе луѓето на Месечината и на Марс. Исто така, би можел со голема брзина да превезува луѓе низ целиот свет, а друга очигледна намена на ракетата е поставување сателити во Земјината орбита.

Во моментов најмоќната ракета во употреба е „Фалкон хеви“, исто така развиена од „Спејс икс“. Taa произведува потисок од 23 мегањутни при лансирање, а новата ракета „Супер хеви“ се очекува да достигне околу 70 мегањутни

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img