Wednesday, January 20, 2021
Home Спорт Фанови на Барса го дочекале Гризман на тренинг и му испратиле предупредувачка...

Фанови на Барса го дочекале Гризман на тренинг и му испратиле предупредувачка порака

Барселона денеска одработи уште еден тренинг пред саботниот натпревар во Примера против Атлетико во Мадрид.

Сигурно дека од исклучително значење е да се победи на овој натпревар, посебно по интернационалната пауза, а и двете екипи ќе настојуваат да ги освојат бодовите.

На последниот тренинг на Барселона, не бил присутен Лео Меси, кој деновиве допатувал од Аргентина, па Роналд Куман му дал нешто поголем одмор.

На денешниот тренинг, центар на случувањата бил Антоан Гризман, за кој блиски луѓе до него тврдат дека Лео Меси е клучниот фактор поради кој што не му оди добро на францускиот фудбалер.

Деновиве се појави и порака од Лео Меси во медиумите… „дека му е доста од тезата тој за се да биде виновен во Барселона!“.

По таквиот терк и навивачите на Барселона му испратиле порака на Гризман на последниот тренинг, односно искоментирале дека тој треба да го почитува Лео Меси, затоа што тој е многу голем фудбалер.

Популарно