Monday, October 25, 2021
HomeАвстралијаПо 30 години македонската дијаспора за пасош ќе се слика во амбасадите

По 30 години македонската дијаспора за пасош ќе се слика во амбасадите

Македонската дијаспора дочека. Конечно и таа ќе може да аплицира и да се фотографира за пасош секој работен дена, во конзулатните претставништва на земјава во странство. Таа веќе нема да ги чекаат мобилните екипи на МНР еднаш-двапати годишно да ги посетат и да ги фотографираат, кои пак поради пандемијата со коронавирусот изминатата година и половина не го правеа тоа, па владата за да го бајпасира тој проблем го продолжи важењето на истечените пасоши на дијапсората до 31 декември годинава.

„Тоа што го правиме денес е всушност револуција во услугите што ги дава државата кон дијаспората“, оцени Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Први привилегија да се фотографираат за пасош без притоа да прават долгорочни планови кога да го спроведат тоа во Македонија, ќе ја имаат македонските граѓани во неколку европски држави.

„Во моментов се инсталираат базни станици во Минхен, Бон и Берлин, а потоа и во брисел. втората екипа оди во Берн, Виена, Љубљана и Венеција, третатат екипа оди во лондон. потоа, ќе има базна станица во стокхолм“, информираше Оосмани.

Во САД вакви базни станици ќе бидат инсталирани во Њујорк и во Чикаго, во Канада во Торонто и во Австралија во Мелбурн.

Првите 15 фиксни и мобилни базни станици за земање биометриски податоци за пасош треба бидат инсталирани до крајот на октомври, а со МВР е договорено во иднина сите ДКП-а да бидат опремени со вакви станици.

Дијаспората освен што ќе може кога сака да се фотографира за нов пасош, тие документот ќе го добијат со новото уставно име на земјата, со што Македонија исполни уште една точка од Преспанскиот договор, заедно со вметнувањето на новото име на змејата во личните карти, возачките дозволи и ознаката на регистарските таблички.

Истовремено во Грција е заглавено усвојувањето на трите меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, за што Османи денеска индиректно кажа дека ќе биде тема на разговар со неговиот грчки колега Никос Дендијас, кој идната недела треба да ја посети земјава.

„предвидуваме во текот на оваа средба да разговараме и да направиме и една евалуација на степенот на имплементација во однос на обврските што ги има и државата, меѓутоа што ги има и република Грција. така што планираме посуштински и посистематски да навлеземе по однос на сите прашања со цел да направиме еден пресек на степенот на реализација“, изјави османи.

Дендијас во Скопје ќе се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски, кој пак во првата половина од октомври ќе патува во официјална посета на Грција, прва во историјата на односите меѓу двете држави, иако доколку се влоши состојбата со пандемијата постои можност посетата да биде одложена.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img