Monday, October 25, 2021
HomeАвстралијаНов Јужен Велс со рекорден број на нови случаи на КОВИД-19

Нов Јужен Велс со рекорден број на нови случаи на КОВИД-19

Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс денеска пријави рекордни 1.290 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа. Рекорден број нови случаи се регистрирани во време кога Австралија се бори да го контролира ширењето на позаразната делта варијанта на коронавирусот.

Речиси две третини од населението има примено една доза вакцина, а 36 проценти се целосно вакцинирани.

Премиерката Гладис Берејклиан вели дека на целосно вакцинираните луѓе ќе им бидат дадени поголеми слободи во октомври. Таа додаде дека државата е на пат целосно да се вакцинираат 70 проценти од луѓето во октомври.

– Вакцинацијата е клучна во однос на нашата слобода и намалување на ширењето на вирусот, посочува премиерката.. Сепак, таа нагласи дека се уште ќе има ограничувања, а бизнисите во Нов Јужен Велс ќе почнат повторно да се отвораат по двојна доза примена од 70 проценти од населението.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img