Monday, October 25, 2021
HomeАвстралијаПоследниот авион пристигна синоќа: Австралија прими повеќе од 3.500 лица од Авганистан

Последниот авион пристигна синоќа: Австралија прими повеќе од 3.500 лица од Авганистан

Австралија прими повеќе од 3.500 евакуирани лица од Авганистан, главно жени и деца, откако талибанците ја презедоа контролата врз земјата минатиот месец, изјави денеска премиерот Скот Морисон.

Меѓународната евакуација започна на 14 август, кога Талибанците пристигнаа во близина на Кабул. Австралија евакуираше 4.100 граѓани и Авганистанци со визи, но некои со двојно државјанство избраа да одат во други земји.

Многу евакуирани лица беа префрлени во Обединетите Арапски Емирати за да чекаат преместување во Австралија, а Морисон рече дека последниот авион пристигнал синоќа од еден од „најопасните делови на светот“.

„Од тие 3.500, околу 2.500 се жени и деца“, рече Морисон во Канбера.

Австралија беше дел од меѓународните сили предводени од НАТО, кои ја обучуваа авганистанската армија и се бореа со Талибанците 20 години, откако движењето беше соборено во 2001 година. Повеќе од 39.000 австралиски војници служеа во Авганистан, а 41 беа убиени.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img