Monday, October 25, 2021
HomeСпорт(ВИДЕО) ВАР, Патрисио и Ел Шарави го спасија јубилејот на Мурињо

(ВИДЕО) ВАР, Патрисио и Ел Шарави го спасија јубилејот на Мурињо

Еден од најмаркантните тренери на денешнината Жозе Мурињо вечерва го забележа 1.000 натпревар како предводник на една екипа.

Големиот јубилеј го дочека на клупата на Рома, а го победи Сасуоло со 2-1, задржувајќи го максималниот ефект по три кола од Серија А. Римскиот тим одигра исклучително лош натпревар, се мачеше во поголемиот дел од мечот, но и во такви услови успеа да дојде до триумф.

Најголем дел од заслугите одат на сметка на голманот Руи Патрисио кој имаше неколку исклучително важни интервенции и го остави својот тим во игра. Покрај него, важен дел од победата беше голот на Ел Шарави во судиското продолжение, во моменти кога Рома не играше речиси ништо.

На крајот, Мурињо треба да му биде благодарен на ВАР системот бидејќи во последните секунди Скамака постигна гол за израмнување, но тој беше поништен поради офсајд.

Рома сега е една од трите екипи кои имаат максимален ефект по три кола, заедно со Милан и Наполи.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img