Monday, October 25, 2021
HomeСпортКуман е минато, Барса е во потрага по нов тренер, но веднаш...

Куман е минато, Барса е во потрага по нов тренер, но веднаш доби „корпа“

Во Шпанија се погласни се вестите за смената на Роналд Куман. Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, бил лут на Куман по тешкиот пораз од 3:0 од Баерн на „Камп Ноу“ во првото коло од Лигата на шампионите.

Лапорта на Куман му замерил на дефанзивната поставка и тоа што не настапил во формација 4-3-3, што е светост во Барселона, како и начинот на кој одигра тимот, поради што Барса не изгледала никогаш полошо во последните десетина години. Наводно, ниту играчите не се среќни со идеите на Куман и се смета дека Холанѓанецот е блиску до отказ.

Барселона во меѓувреме го бара неговиот наследник. Новинарот на каталонски „Спорт“, Тони Жуанмарти, пишува дека Барса му понудила на Жорди Кројф, синот на великанот Јохан, да биде нов тренер.

Лапорта сакал да го ангажира Жорди Кројф како тренер, но на крајот добил „корпа“, што било изненадување за челниците. Кројф во моментов работи како спортски советник во клубот, а има и малку тренерско искуство.

Тој смета дека Куман треба да продолжи да биде тренер на првиот тим и дека потребно е време за да се направат неопходните процеси во клубот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img