Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаПристигна Бугарската донација од 50 илјади вакцини „Фајзер“, треба да се потрошат...

Пристигна Бугарската донација од 50 илјади вакцини „Фајзер“, треба да се потрошат за 13 дена

Бугарската донација од 51.480 дози од вакцината „Фајзер“ пристигна вчера во Македонија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. Рокот на овие вакцини против ковид-19 им истекува на 30 септември, што значи дека мора да бидат употребени во наредните 13 дена.

„Вчера Северна Македонија прими донација од над 50 илјади ‘Фајзер’ вакцини од Бугарија, кои веќе се дистрибуирани и спремни да бидат употребени. Важен гест на пријателство и солидарност“, напиша Османи на Твитер, споменувајќи го неговиот бугарски колега Светлан Стоев.

Кога бугарскиот парламент ја одобри донацијата на 8 септември, од македонското министерство за здравство соопштија дека ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност.

За време на расправата во парламентот , бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров кажа дека ако не биде веднаш изгласана ратификација на донацијата, вакцините нема да можат да ѝ бидат дадени на Македонија.

„Конкретно за Северна Македонија, изборот е дали да ги уништиме или да ги подариме, затоа што на вакцините им истекува рокот до крајот на септември“, изјави тогаш Кацаров.

Според тогашното соопштение, овие вакцини ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите.
Неделава, прва доза вакцина примаат просечно по 2 илјади граѓани, а втора доза околу 11 илјади.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img