Monday, October 25, 2021
HomeБалканАлбанскиот парламент ја одобри новата влада на Рама

Албанскиот парламент ја одобри новата влада на Рама

Албанскиот парламент ја одобри новата влада во која доминираат жени по пет месеци од одржувањето на парламентарните избори и убедливата победа на Социјалистичката партија која му овозможи на премиерот Еди Рама трет мандат. Дванаесет од 17 министри и државни секретари се жени, со што земјата се искачи на врвот на глобалната ранг листа според процентот на жени кои се на функции во кабинетот.

По 20-часовна дебата, 77 пратеници во парламентот од 140 гласаа за одобрување на новиот кабинет и програма на Рама, чија цел е економскиот раст фокусиран на туризмот и земјоделството, инфраструктурата и енергијата. Педесет и три гласаа против, а еден беше воздржан.

Со 74 пратенички места, социјалистите освоија апсолутно мнозинство на парламентарните избори во април, што им овозможи да управуваат сами. Главната опозициска десноцентристичка Демократска партија доби 59 места.

Главните предизвици на владата ќе бидат завршување на процесот на реконструкција по разорниот земјотрес кон крајот на 2019 година, како и справување со пандемијата на коронавирус и нејзиното влијание врз економијата.

57-годишниот Рама рече дека борбата против криминалот и корупцијата ќе бидат приоритет во неговиот трет мандат. Новата влада предвидува економски раст од околу 4 проценти годишно, откако во 2020 година падна за 3,3 проценти, како резултат на пандемијата.

Рама ја предводи Социјалистичката партија од 2005 година и ја извршува функцијата премиер од 2013 година. Тој беше градоначалник на главниот град Тирана, од 2000 до 2011 година.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img