Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаНад 800 илјади лица се попишани до денеска

Над 800 илјади лица се попишани до денеска

Повеќе од 800 илјади лица се попишани откако почна процесот на попишувањето до денеска. Како што соопштуваат од Државниот завод за статистика, попишани се 249 500 домаќинства и 336 109 стана до вчера до 20 часот.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле вкупно 193 168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември, ќе трае до 30 септември.

Во април пописот беше одложен за овој месец поради тогашниот трет ковид-бран.

Од Државниот завод за статистика веруваат дека попишувањето од епидемиолошка смисла е безбедно бидејќи сите попишувачи се должни да носат маски на лицето, да одржуваат растојание од граѓаните и редовно, пред и по секое попишување во домаќинствата, мора да ги дезинфицираат рацете и лаптоп-уредите.

Граѓаните имаат право, доколку сакаат, да побараат во нивното домаќинство да дојде вакциниран попишувач.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img