Monday, May 16, 2022
HomeСветКој е напаѓачот од Русија: Страдал од депресија, а нападот го најавил...

Кој е напаѓачот од Русија: Страдал од депресија, а нападот го најавил на социјалните мрежи

Тој е идентификуван како 18-годишниот Тимур Бекменсуров, кој студирал право на Универзитетот во Перм
Момчето кое уби осум, а рани десет лица на Универзитетот Перм во Сибир е идентификуван како 18-годишниот Тимур Бекмансуров.

Тој влегол во кампот на универзитетот и почнал да пука во луѓето што се нашле таму. Околу три илјади студенти биле во кампусот за време на пукањето.

Универзитетот во Перм објави дека три илјади студенти се криеле во различни простории на зградата, додека напаѓачот не бил совладан. Тие сега се безбедни, а повредените се пренесени во локалната болница.

Депресивниот студент по право

Бекмансуров студирал право на Универзитетот во Перм. Тој бил особено заинтересиран за судско-медицински прегледи и сакал да биде експерт за судска медицина, објавија локалните медиуми.

Руските медиуми пренесуваат дека нападот го најавил на социјалните мрежи. Тој испратил порака до своите пријатели во која се наведува дека се подготвувал за овој настан долго време. Експертите велат дека имал ментални проблеми и страдал од длабока депресија.

Снимката што се појави социјалните мрежи покажува како напаѓач со пушка се приближува кон универзитетскиот кампус, а потоа отвора оган. Студентите во паника скокале од прозорец, а некои останале заклучени во амфитеатрите.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img